Хаос во Скопје: Тешко повреден возач на тротинет удрен од комбе, „ауди“прегази мотор со малолетник и девојка па избегал

На 23.06.2023 во 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски” во Скопје, товарно возило „мерцедес спринтер” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(36) удрило во тротинет управуван од И.Д.(35), двајцата од Скопје.

Во несреќата И.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница  „Св. Наум Охридски”.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.  

На 24.06.2023 околу 00.05 часот во СВР Скопје било пријавено на крстосница од ул.„Бајрам Шабани” и ул.„Фадил Бектеши” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел”, кое го напуштило местото и мотоцикл, управуван од малолетник од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, А.Џ.(20) од с.Студеничани, скопско, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 23.06.2023 околу 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Кирил и Методиј” со бул.„Мито Хаџивасилев Јасмин” се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „триумф”, управуван од М.С.(32) од Скопје и патничко возило „ауди”, управувано од Е.Р.(54) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот М.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави