МНР: Сѐ уште е на сила препораката граѓаните да се воздржат од патувања кон Русија, а оние кои имаат можност да ја напуштат земјата

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија одблиску го следи развојот на состојбите во Руската Федерација и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници.

Во тој контекст, потсетуваме дека сѐ уште е на сила препораката на министерството објавена на 28.02.2022 г., сите граѓани на Северна Македонија да се воздржат од патувања кон Руската Федерација, а оние кои имаат можност да ја напуштат земјата.

Воедно, сите државјани на Северна Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, може да ја контактираат Амбасадата во Москва на следните телефонски броеви:

+7 925 025-98-05 (мобилен)

е-mail: nenad.kolev@mfa.gov.mk

Државјаните на Северна Македонија може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk

Соопштение на МНР од 28.02.2022

https://mfa.gov.mk/mk/page/8/post/2870/soopshtenie

Треба да знаете
Последни објави