Во возила во дворот на канцеларијата на сопственикот на Вагнер, Евгениј Пригожин во Санкт Петербург биле пронајдени кутии со четири милијарди рубљи, или околу 11 милиони евра.
Полицијата и Федералната служба за безбедност на Русија утрово влезе во просториите на Вагнер по обидот за пуч од платеничката група.
Засега не се знае од каде се парите, кому му припаѓаат и за што се наменети.
Ројтерс пренесува дека Пригожин рекол дека парите што ги пронашла Федералната служба за безбедност на Русија биле наменети за покривање на платите и другите трошоци за неговите борци.
ФСБ вчера покрена постапка против Пригожин за бунт, по што утрово трупите на Вагнер ја напуштија Украина и се упатиле кон Моксва со цел да извршат пуч.
Претходно рускиот лидер Владимир Путин во обраќањето до граѓаните рече дека организаторите на вооружениот бунт се предавници и дека ќе одговараат за тоа.