Новиот украински претседател, Володимир Зеленски, денеска, еден ден по инаугурацијата, распиша предвремени парламентарни избори за 21 јули.
Указот за распишување на изборите е објавен на интернет-страницата на претседателството, а со тоа и официјално е распуштен парламентот.
„Со овој документ се стопираат овластувањата на парламентот и се распишуваат предвремени парламентарни избори за 21 јули“, се наведува во указот.
Зеленски вчера положи заклетва со ветување дека ќе ја прекине војната со сепаратистите поддржани од Русија и ќе го распушти парламентот чии членови ги опиша како група која е заинтересирана само за лично богатење, пишува агенцијата АП.