Партизан и Ц.звезда во акција да ангажираат врвни кошаркарски имиња во своите редови

Новиот регионален кошаркарски првак белградски Партизан, кој по десет години се врати на тронот во АБА-лигата, и финалистот во ова натпреварување, лутиот ривал Црвена звезда најавуваат активно лето на трансфер-пазарот за да бидат подеднакво успешни и на евро-сцената.

Црвена звезда преговора со српскиот интернационалец Милош Теодосиќ, а Партизан го пикира грчкиот плејмејкер со три европски титули Костас Слукас.

Според грчкиот портал „СДНА“, кошаркарот на Олимпијакос, Слукас во наредните денови ќе го напушти клубот и би можел да се пресели во Партизан. Добро упатените грчки новинари во моментов даваат предност на неговата преселба во турските тимови Ефес или Фенербахче, но во последен момент во трката се вклучил и регионалниот шампион Партизан предводен од трофејниот стартег Жељко Обрадовиќ кој може да му ја смени рутата.

Слукас минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на актуелниот вицешампион на Европа, а со Обрадовиќ стана шампион на Европа, носејќи го дресот на Фенербахче. Поради тоа не треба да се потенцира колку неговото доаѓање би ги засилил редовите на „црно-белиот“ тим кој во новата сезона во Евролигата има за цел пласман на „фајнал-фор“ турнирот.

Слукас последните три сезони ги помина во Олимпијакос. Претходно настапиувајќи за „црвено-белите“ од 2008 до 2015 година, стана двократен европски првак, а третата титула во Евролигата ја освои со Фенер и со Обрадовиќ.

Треба да знаете
Последни објави