Пригожин може да го нападне Киев од Белорусија

Британскиот генерал Ричард Данат предупреди дека украинските лидери мора да внимаваат на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, оти би можел да го нападне Киев од Белорусија.

„Ако Пригожин задржал ефективна борбена сила околу себе, тогаш тој повторно претставува закана за украинското крило најблиску до Киев, каде што започна војната“, изјави Данат.

Тој тврди дека е сосема можно Русија да ја искористи групата на Вагнер за да се обиде повторно да го заземе Киев. Смета дека немало непосредни „победници“ во вчерашните настани.
„Путин дефинитивно значително ослабе. Руската армија очигледно е во неред“, заклучи тој.

Треба да знаете
Последни објави