Ковачевски: Никој не загубил идентитет во ЕУ, ќе бидеме горди Македонци, рамо до рамо со евроспките народи

„Никој не загубил идентитет во ЕУ. Никој. Само добил признание. Така и ние. Во ЕУ ќе бидеме горди Македонци, рамо до рамо со европските народи. Затоа што македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност се признаени и ќе го збогатат европскиот мозаик“ рече премиерот Димитар Ковачевски на трибината „МК во ЕУ до 2030“ во Куманово.

Тој додаде дека одлуката за уставни измени не задира во ниту едно идентитетско прашање и внесувањето на бугарскиот дел од народот во нашиот Устав значи дека паѓаат во вода тезите за еден народ во две држави.

„Кога опозицијата веќе не е против уставните измени, кога прифати дека Собранието има мандат да ги направи, кога се согласи во заедничка влада, нема причина дијалогот да не продолжи. Ги повикувам да ја прифатат нашата подадена рака, заедно, братски, рамо до рамо, да седнеме, да ги договориме следните чекори и заедно да ја донесеме одлуката за иднината на земјата“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека ќе направи се што е во негова моќ за да се искористи оваа шанса и за Северна Македонија да оди напред и да ја исполни стратешката цел – членство во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави