Белгија е европски првак во кошарка за жени

Кошаркарките на Белгија се нови европски шампионски, откако вечерва, во големото финале од првенството во Словенија и Израел, по голема борба ја совладаа селекцијата на Шпанија (64-58).

По двете бронзи на последните три континентални собири, Белгијките вечерва долго време не ни размислуваа на златото со оглед што константно беа во негатива и тоа најмногу со минуст десет поени (38-48). Но, предводени од фантастичната Масеман до крајот на правија серија 26-10 со која направија резултатски пресврт и дојдоа до историската победа. Месеман со 24 поени беше најдобра кај Белгија, пред Линскенс со 18 поени и 15 скока, додека Касас со 14 и Карера со 12 поени и седум скока беа најдобри кај Шпанките.

Треба да знаете
Последни објави