Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска го посети Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, каде оствари средба со граѓани, членови и симпатизери на партијата.
Тој на средбата зборуваше за неостварените ветувања на власта за намалување на цените на парното.
„По изборите се покажува дека далеку сме од тоа ветување, односно дека лажеле за ова“, истакна Мицкоски додавајќи дека предлог-законот кој е поднесен во собраниска процедура за измени на даноците и е пред второ читање никаде не предвидува намалување на ДДВ-то за топлински услуги од 18 на 5%.
„Стапката на ДДВ за затоплување на сметките коишто ги добиваме за затоплување дома си останува иста и е 18% и не е намалена на 5%“, кажа Мицкоски и од Карпош порача дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман за намалување на оваа стапка онака како што било ветено.