Полицијата открила отпечатоци од прсти на Смиљана Срнец (45) во замрзнувачот во кој пред три месеци во семејната куќа во Меџимурје, Хрватска беше пронајдено телото на нејзината сестра Јасмина Доминиќ, а која беше исчезната од 2000 година.
Случајот преизвика многу внимние во целиот регионот, а Смиљана беше уапсена и осомничена за убиството на сестра си, иако полицијата немаше конкретни докази дека таа е виновна. Пронаоѓањето ан отпечатоците преставуваат пресврт во случајот и може да бидат клучни во обвинението и евентуалната пресуда против Смилјана.
Според форензичарите, отпечатоците земени од внатрешноста на заамрзнувачот недвосмислено укажуваат дека само Смилјана манипулирала со телото на својата убиена сестра, а во условите во кои било телото на убиената, отпечатоците можеле да бидат зачувани и стотина години.
Она што засега не е познато е кога била убиена Јасмина, односно не е можно да се утврди точниот период, иако последен пат била видена кон крајот на 1999 и почетокот на 2000 година, но нејзиното исчезнување било пријавено дури во 2005 година.
Се претпоставува дека Смиљана со два удари со непознат предмет ѝ го скршила черепот на Јасмина, а потоа го сместиле нејзиното тело во замрзнувачот, кој 18 години бил затворен. Телото на убиената ја пронашла нејзината внука, ќерка на Смилјана кога со сопругот го отвориле фрижидерот.