Соединетите Американски Држави остануваат главен сојузник и поддржувач на слободата и демократските процеси, особено во нашите земји, вели Зијадин Села, претседател на Централното собрание на АА кој денеска оствари средба со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
„Во организација и придружба на претседателот на Албанско-американскиот совет, Хаџи Даути, денеска имав чест да се сретнам со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Споделивме заедничка загриженост, но и нашата определба за успешно надминување на сите предизвици во земјата и регионот, а разговаравме и за уставните измени, како предуслов за пристапување на земјата во Европската унија.
Мирот на Балканот, интеграцијата на регионот во евроатлантските структури и борбата против криминалот и корупцијата немаат алтернатива и секогаш ќе имаат поддршка од САД“, изјави Села.
„За време на оваа посета се сретнав и со Бенсон Сивек (Macedonian desk officer), кој исто така се интересираше за случувањата во земјата и перспективата на регионот“, информираше Села.