Седум лица се повредени по големо истекување на амонијак во компанија во јужната германска покраина Баварија.
Просториите на компанијата во градот Ортенбург се евакуирани, а повредените вработени се пренесени во болница, соопшти полицијата.
Останатите вработени мора да подлежат на лекарски преглед по евакуацијата.
Службите за итни случаи претпоставуваат дека во инцидентот истекле околу 800 килограми амонијак.
Според досегашната проценка на ризикот, опасноста се протега сè до границата со Австрија.
Властите побараа од граѓаните да ги држат затворени прозорците и вратите и да ги следат соопштенијата на радио.
Амонијакот е гасовито соединение од азот и водород што се шири низ воздухот, реагира со други загадувачи на воздухот и создава прашина која е штетна зз здравјето на луѓето, како и за растенијата и екосистемите.