Босанскиот напаѓач Един Џеко го напушти Интер и се пресели во турскиот гигант Фенербахче, но само неколку дена подоцна се скара со управата на клубот.
Турските медиуми пишуваат дека Џеко одбил да замине со екипата на турнир во Русија, поради агресијата на државата кон Украина.
Турнирот е закажан од 1 до 15 јули, а на него се очекува да настапат и Зенит, Нефчи Баку и Црвена Звезда.