ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството е ДУИзирано, Абази не постапува по допрен глас само заради тоа што Дрин Ахмети е внук на Али Ахмети, а Ковачевски молчи и бега

Речиси цела недела Обвинителството за организиран криминал и корупција и главниот обвинител Ислам Абази молчат и не покренуваат истрага за младиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети.

На сите им е чудно како Дрин Ахмети добил 39 проценти од деловниот објект ТЦ Соравија вреден 30 милиони евра, без еден денар влог, а само на обвинителот Абази не му е чудно.

Ислам Абази кој е близок пријател на семејството Ахмети, а и често е во друштво со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и таткото на Дрин, Фекри Ахмети.

Македонија е ДУИзирана. Обвинителството е ДУИзирано, а Димитар Ковачевски само за пуста фотелја и функција молчи за скандалот со внукот на неговиот коалиционен партнер, Али Ахмети.

И Ковачевски и цела влада на СДС е одговорна за овој скандал исто колку што е одговорен Абази бидејќи не постапува по допрен глас, само затоа што се работи за внук на Али Ахмети.

Во држава како Македонија во која криминалот и корупцијата се во секоја пора на општеството, не постои човек кој така дава дури 39 процени од деловен објект кој вреди 30 милиони евра.

Институициите за овој скандал молчат и бегаат, а кланот Ахмети прави милиони.

ДУИ мора да замине во опозиција час поскоро.

По паѓање на криминалната влада на СДС и ДУИ следува одговорност.

Треба да знаете
Последни објави