Ковачев: Албанија може да почне преговори за членство во ЕУ и без Македонија

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во интервју за бугарски „Актуално“ вели дека Албанија нема пречки да ги почне преговорите за членство по завршувањето на скринингот на Европската комисија.

„Албанија не помина низ таков процес како во поранешна Југославија и со неа имаме исклучително добри односи на сите нивоа. Албанија нема пречки да ги почне преговорите за членство по завршувањето на скринингот на Европската комисија“, вели Ковачев.

На прашањето дали треба да направат дистинкција и на Европа да ѝ кажат Албанија да се одвои од пакетот како кандидат од Северна Македонија, тој вели дека Албанија може да почне преговори за членство во ЕУ и без Северна Македонија.

„Тоа е сосема јасно. Самиот Еди Рама неколкупати ми рече „Ние не сме во брак со Скопје“. Ако не може да ги исполнат европските услови за почеток на преговорите, зошто Албанија мора да биде жртва и да чека нешто за што не е нивна вина, ниту е до нив? Албанија треба веднаш, по завршувањето на овој процес на ревизија на законодавството, најдоцна до крајот на годината, да ги почне вистинските преговори за членство во ЕУ. Ако дотогаш Северна Македонија нема храброст да го промени својот Устав, нема логика Албанија да чека нешто што не зависи од самата држава“, рекол бугарскиот европратеник во интервју за бугарски „Актуално“.

Треба да знаете
Последни објави