Отуѓената сопруга на Кевин Костнер се согласи да ја напушти куќата вредна 145 милиони долари под еден услов

Отуѓената сопруга на Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер, рече дека е подготвена да ја напушти раскошната палата што претходно ја делеше со актерот, но само под еден услов.

Дизајнерката на чанти сè уште е на имотот вреден 145 милиони долари и покрај тоа што во предбрачниот договор е наведено дека има 30 дена да го напушти нивниот дом по поднесувањето барање за развод на 1 мај.

По неколку недели правни сопки, Кристин (49) сега вели дека ќе го напушти имотот ако Кевин (68) плаќа финансиска поддршка, која ќе гарантира дека таа нема да остане без пари, според судските документи до кои дојде „Радар онлајн“.

Кристин сака ѕвездата на серијата „Јелоустоун“ да се согласи на алиментација, што ќе ја одреди судијата на претстојното рочиште.

Таа вели дека ќе ја напушти куќата на 31 август годинава доколку актерот се придржува на сумата за поддршка што ќе ја утврди судот на 12 јули – датумот на првото рочиште во бракоразводната постапка.

Треба да знаете
Последни објави