(Фото): Г.Г. Стефан: Собрани сме да ги браниме најмилите од нови идеологии

Со читање на Библијата почна протестниот собир пред Соборниот храм. Во првите редови е г.г. Стефан заедно со повеќе владици, католичкиот бискуп Киро Стојанов, академик Катица Ќулавкова. Г.Г. Стефан посочи дека ги знае плановите, намерите и желбите на организации и движења. За нив рече: „тие зајакнаа во нашето општество, што некои од нив навлегоа во државните институции па и закони ни пишуваат. Закони како оние два несреќни – за родова еднаквост и матична евиденција. Тие не целат само да ја секуларизираат црквата туку и да ја присилат да зборува и да се изразува со јазикот кој е туѓ на словото и духот на постолите и Еваглеие“.

„Чедата на МПЦ, собрани со претставници на сите цркви и верски заедници, еве нѐ, за да му кажеме да на животот, за да ја возгласиме светоста на семејство оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Собрани сме за радосно да го покажеме нашето прегрнување на сиот свет како Божјо творение и да кажеме дека Црквата не протестира против личност и не отфрла никого. Нејзиното постоење не е бунт против човек, туку против злото, гревот и смртта во кои за жал пред нашите очи запаѓа светот. Единствена цел на Црквата е да го љуби овој свет“, кажа г.г. Стефан.

Тој додаде дека кога ненаметливо ќе кажат нешто, се обидувале да ги замолчат со промена на тези за секуларниот односно светиот карактер на државата. Посочи дека неизвесноста на децата е разбирлива поради овие два закони.

Треба да знаете
Последни објави