Брозовиќ одбра да стане најдобро платен хрватски фудбалер!

По долги преговори хрватскиот фудбалски репрезентативец, Марсело Брозовиќ, ја прифатил понудата на саудискиот прволигаш Ал Хилал и следната сезона ќе игра заедно со Кристијано Роналдо за овој тим.

Италијанскиот калчолигаш Интер од овој трансфер ќе заработи како отштета од 23 милиони евра, од кои една десетина ќе треба да му отстапи на хрватскиот првак Динамо Загреб од чиј редови Брозовиќ се пресели во Милано. Брозовиќ прифатил тигодишен договор за што ќе заработи вкупно 100 милиони евра. Со овој трансфер Брозовиќ ќе стане најдобро платен хравтски фудбалер.

Хрватот беше желба и на Барселона која ја загуби битката во надавањето со Ал Хилал. Брозовиќ од Интер си заминува со одиграни 330 средби и постигнат 31 погодок.

Треба да знаете
Последни објави