Саит Саит, од денес е разрешен од позицијата Директор на ЈП Улици и Патишта, а функцијата в.д директор на претпријатието од денес ќе ја извршува Ќамил Ковачи. Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на општина Сарај, а има искуство во раководење со јавни претпријатија како долгогодишен директор на Јавното комунално претпријатие Сарај.
Град Скопје продолжува да работи во интерес на граѓаните, навремено, квалитетно и транспарентно.