Индонезиската полиција соопшти дека шест лица го загубија животот во немирите што избија во Џакарта по објавувањето на резултатите од претседателските избори.
Информацијата е базирана врз извештаи од болница.
Шефот на полицијата за новинарите изјави дека се испитуваат причините за смртта и дека не се исклучува вмешаноста на провокатори.
Немирите избувнаа откако Изборната комисија објави дека претседателот Јоко Видодо го освои вториот мандат со 55,5 отсто од гласовите.