Тинејџер и малолетник биле тешко повредени кога со моторот со кој с евозеле се судриле со автомобил, вчера во селото Росомон.
Според полицијата, сообраќајката се случила во 18.50 часот на улицата Пролетерска во селото Росоман. Џип „мицубиши пајеро“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Љ.(48) од селото Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане се судрил со мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од М.Ѓ.(19) од селото Росоман.
Во судирот со тешки повреди се здобиле мотоциклистот М.Ѓ. и неговиот 15-годишен сопатник од село Сирково.
На двајцата им била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци, по што М.Ѓ. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид извршила екипа од ПС Кавадарци.