Таткото го прегазил својот малолетен син возејќи со автомобилот наназад.
Според информациите од СВР Тетово, несреќата се случила вчера во Мала Речица.
„34-годишниот З. С. од тетовска Мала Речица, враќајќи се наназад со своето патничко моторно возило „ауди“ во дворот пред семејната куќа, не го забележал и според пријавеното, удрил во малолетниот син, при што му нанел тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница“, велат од полицијата.
Извршен е увид.