Поранешниот премиер Никола Груевски каде што е осуден за предметот „Скопје 2014“ вели дека зад оваа постапка стојат исплашени политичари, на чело со поранешниот премиер Зоран Заев кој и понатаму има огромно влијание во правосудниот систем и нему блиски луѓе од политиката. Груевски додава дека токму заради тоа влијание тој и си дозволува правосудството да го користи освен во политички и во криминални бизнис цели и активности.
„Пред неколку дена како никогаш досега амбасадорот на Австрија излезе во јавноста со соопштение од кое произлегува дека луѓето од власта, а во прв ред Зоран Заев имаат контрола над праводудниот систем и го користат во своја полза, независно дали станува збор за бизнис или политичка полза.
Претходно иако со подипломатски вокабулар тоа го слушаме и од преставници на други држави, кои со крајно негативен вокабулар говорат за правосудниот систем односно за политичкото влијание на поединци од власта врз истиот.
Народот веќе оддамна си го кажа своето преку релевантни анкети на јавното мислење, неоспорено и потврдени дури и од власта од кои произлезе дека од можни 100, во обвинителството доверба имаат едвај 3%, а во судството едвај 4%.
Со обзир дека овој податок е од минатата година, а оттогаш се случија уште многу очевидни ситуации на злоупотреби и незаконитости на спрегата власт-правосудство, јасно е дека и тие 3% односно 4% веќе се многу помали, забрзано гравитирајки кон нула доверба во судството и обвинителството на Македонија.
Во меѓувреме поединци од власта енормно се богатат, на очиглед на сите граѓани, и со очигледен криминал, корупција и злоупотреби, за кои обинителството и не помислува да реагира, па аферите се редат во јавноста секојдневно и довербата во некои политичари секојдневно се намалува, но и се креираватмосфера која не е поволна за нив и која не им нуди комотна иднина.
Па така, кога тоа ќе дојде до точка на зовривање во јавноста, како што е последното писмо на амбасадорот на Австрија кое сигурно не е објавено без согласност на владата на Австрија, тогаш се смислува начин да се одвлече вниманието од сето тоа и да се пренасочи кон политичките не истомисленици, но и да се направи обид за намалување на довербата на јавноста кон нив, поради страв, многу голем страв за нивната иднина.
Ова затоа што истражувањата на јавното мислење покажуваат дека не само што СДСМ забрзано тоне кон дното, не само што довербата во Заев е минорна и мнозинството граѓани со одвратност гледа на неговите постапки, туку паралелно се гледа дека целокупните напори за оцрнување на политичките противници со злоупотреба на правосудниот систем им пропаѓаат, бидејќи независно какви одлуки носат контролираните обвинители и судови, народот во овие 6-7 години со свои очи и уши гледа и слупа дека станува збор за огромен брзо ј лажни обвиненија, без докази, често и без некаков сведок или пак со уценети сведоци често преку заплашување или ставање во притвор на некој и давање до знаење дека нема да излезе од таму додека не даде изјава каква што тие имаат потреба за некого да го гонат, се разбира заради политички мотиви и негова политичка елиминација.
Едноставно контролираниот правосудниот систем на власта е претворен во инструмент и алатка за дефокусирање од криминалите на поединци од власта и за политичка елиминација на политичките неистомисленици, а во прв ред оние во кои народот има некаква доверба, пре се заради страв.
Така денеска обвинителството соопштило дека од 2016 година, односно 7 години води некаква истрага која не е им била завршена, а од наративот на обвинителот и нема најава дека брзо ќе заврши, а се однесува за дел од проектите на т.н. проект Скопје 2014 односно за 11 споменици и објавиле листа на осомничени, лица во кои се сомневаат, а за неколкумина дури побарале притвор, што во пракса за ова контролирано правосудство значи и дека ќе добијат мерка притвор.
Зад оваа постапка стојат исплашени политичари, на чело со Заев кој и понатаму има огромно влијание во правосудниот систем и нему блиски луѓе од политиката, од неговата партија СДСМ, но и од други партии.
Токму заради тоа влијание тој и си дозволува правосудството да го користи освен во политички и во криминални бизнис цели и активности.
Исплашените политичари имаат причина да бидат исплашени. Премногу зло направија и сеуште прават убедени дека така вечно ќе просперираат.
Нема!!! Историјата го покажала тоа. Тоа се природни закони.
Едно треба да знаат, дека какви и зло сега да прават скриени како глувци зад провосудниот систем кого го контролираат и зад партиите, нема да успеат и дека не треба нив друг да ги уништи, бидејќи самите ќе се уништат, како што веќе и го прават тоа, затоа што нечесните методи со кои работат ќе доведат до тоа.
Единствениот проблем е што додека самите себе да се уништат ќе ги загорчат и ги загорчуваат животот на многу невини луѓе и ќе направат и веќе прават и направија голема штета на Македонија.
Замислете со какво нелогично, недемократско, незаконско и глупаво образложение ги ставиле политичките опоненти на листата на осомничени.
Образложиле дека со својата политичка моќ и влијание влијаеле владата како колективен орган да предложи и парламентот со колективна одлука да донесе закон за Буџет, од кој произлегува законската можност подоцна со која со одлука на владата повторно како колективен орган, одредени парични средства да се дадат на располагање на општините за изградба на спомен обележја во општините.
Не постои држава во светот во која некој функционер кој предложил некоја идеја, зад која застанало мнозинството во парламентот и донело одлука, а потоа и владата, или како претседавач на седницата на владата потпишал одлука на владата која колективно и без исклучок ја прифатило таа одлука, да биде кривично гонет за злоупотреба на службена должност.
Нема таква земја!
Во другите демократски земји тоа се нарекува креирање и спроведување на политики за кои на избори народот одлучува дали биле добри или не, а мнозинството народ во Македонија знаме како одлучи на сите парламентарни избори од 2006 година до 2016 година. Во сите мнозинството граѓани дадоа доверба на тие политики.
Понатаму кажуваат во завиена форма дека дел од осомничените подолу на листата наводно переле пари преку тоа, оставајќи впечаток, а особено со медиумските наслови на блиските до нив медиуми дека сите осомничени тоа го правеле.
Судејки по тоа како ме обвинуваа и судеа мене во други случаи, како што е предметот за плацеви и станови каде без елементарен доказ дека сум земал или дал, платил или ми платиле пари или имот, со двајца, не сведоци туку уценети обвинети кои долго ги држеа во притвор како форма на нечовечки притисок, кои по три пати ги менуваа изјавите во обвинителството и судот, ме прогласија за виновен, не исклучувам и верувам дека и ова нивно сомнение е со иста тежина на тие докази против тие луѓе кои ги сомничат за некаква проневера и перење на пари.
Исто така кажуваат дека некоја фирма од Италија која победила на тендер чии сопственици не ги познавам, дала некој споменик на подизведувач во Италија, кој за помали пари го изработил.
Се прашувам што има чудно и незаконски во тоа, кога знаеме дека речиси на секој тендер за патишта, згради, водоводи, канализации и што ли уште не, фирмата која победува користи подизведувачи, кои исто така за помали пари го завршуваат тоа. И тоа не е само во Македонија, туку во цела Европа и во цел свет. И не било само така порано, така е и сега и така ќе биде во иднина. Затоа што тоа е законски секаде и секогаш.
Но, очигледна е тендецијата проектот и политичката гарнитура од тоа време да се оцрнат, бидејќи досегашните 15 годишни напори им даваат многу малку плод, затоа што народот гледа и расудува со какви хохштаплери, криминалци, измамници и предавници си има работа, кои до вчера сакаа да ги рушат спомениците, Брисел шахти , ставаа нови натписи и што ли не.
Она што народот го знае е дека спомениците и сите проекти од т.н. проект Скопје 2014 година се создаваа со огромна љубов и патриотски чувства на чинителите, а ако за некој поединец тврдат дека нешто проневерил, треба да понудат на јавноста и судот цврсти и многу реални докази за тоа, а не прес конференции на незавршени истраги и со општи флоскули, темпирано во време кога треба да се “испере задникот” на оној кој им дал инструкција токму сега да говорат за ова, со цел да ги заташкаат криминалите на поединци од власта на која и се лојални и за која спроведуваат безброј политички прогони и со намера да им дозволат барем ден-два полесно да дишат на скриените преплашени политичари и “големи водачи” зад овој циркус, кој кога здраворазумниот народ ги слуша нивните небулозни изјави често се прашува: “на кои дроги се овие луѓе” и “дали е можно да се толку ниско интелегентни за да не сметаат нас народот за толку не интелегентни”?
П.С. Би сакал сега да ме погледнат во очи оние кои до вчера пуштаа лажни информации за некаков мој договор со власта и слични ниски лажни информации од исплашени политучари“, пишува Груевски во својата објава на Фејсбук.