Мел Б проговори за љубовниот бродолом со Еди Марфи

Поранешнaта членка на поп-групата „Спајс грлс“, Мелани Браун (43), во телевизиската емисија Life Stories на Пирс Морган зборуваше за турбулентната врска со актерот Еди Марфи (58). Мел Б призна дека нивната врската била обележана со караници и лоши односи. Крахот бил толку интензивен што Марфи на крајот не сакал да го признае татковството над нејзината ќерка Ејнџел.

„И двајцата сме виновни. Јас го зборувам тоа јавно, а тој до ден-денес не престана да се извинува за своите постапки. Тој навистина би сакал никогаш да не го кажеше тоа бидејќи тоа дете беше планирано. Ние го планиравме ова бебе заедно и многу го сакавме, но во еден момент сè отиде во погрешна насока“, рече Мелани.

https://www.instagram.com/p/BuFLI36HckH/?utm_source=ig_web_copy_link

„Тој секогаш ќе биде љубовта на мојот живот“, додаде таа.

Пејачката, освен дванаесетгодишната Ангел, има уште две ќерки, со продуцентот Стивен Белафонте ја има седумгодишната Медисон, а од бракот со танчарот Џими Ѓулзар ја има 20-годишната Феникс.

https://www.instagram.com/p/BuUX_psjHhS/?utm_source=ig_web_copy_link

Марфи моментно е во врска со моделот Пејџ Батчер со која се сврши во 2018 година. Со неа има две деца.

Треба да знаете
Последни објави