Верстапен победи на спринт трката во Австрија

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен денеска триумфираше на спринт трката во Австрија како најава за утрешната трка. Холанѓанецот славеше пред својот тимски колега Серхио Перез и Карлос Сајнц од Ферари.

Спринт трката која помина во доминација на Ред Бул, двата болиди од овој тим донесоа 1-2 победа. Ферстапен прв ја мина целта, а потоа следуваше Серхио Перез.

На подиумот се најде и Карлос Сајнц јуниор од Ферари, следуваше двоецот на Астон Мартин, Ленс Строл и Фернандо Алонсо, шестти беше Нико Хулкенберг, а бодови освоија и Естебан Окон и Џорџ Расел.

Утре се вози главната трка за Големата награда на Австрија со почеток од 15 часот. На пол-позицијата е Верстапен пред двоецот на Ферари, Леклер и Сајнц.

Со победата на спринтот Холанѓанецот додаде осум поени во бодовното салдо и сега има 203 бодови и е на лидерската позиција пред совозачот Перез кој има 133 поени.

Треба да знаете
Последни објави