Најдобриот српски плејмејкер конечно се пресели во НБА

Василије Мициќ, двократен последователен европски клупски шампион и двапати последователен МВП на завршниот турнир во Евролигата кариерата ќе ја продолжи во НБА лигата.

Србинот ќе настапува за Оклахома, која го избра како 52-ри пик во 2014 година.

-Евролигашот Василије Мициќ, еден од најдобрите и најтрофејните европски кошаркари, договорил тригодишна соработка со Тандер вредна 23,5 милиони долари, потврди за ЕСПН Џејсон Ран од агенцијата Васерман. Како двократен шампион во Евролигата и МВП, Мициќ носи значајни вештини и кошаркарска интелигенција во Оклахома – вели Војнаровски во вестите за НБА клубот за кој веќе настапува еден Србин, Алексеј Покушевски.

Треба да знаете
Последни објави