Демијан Лилард побарал заминување од Портланд Трејл Блејзерс, велат упатените во НБА. Една од најголемите ѕвезди во лигата, следната сезона би можел да го носи дресот само на вториот клуб во кариерата, со оглед на тоа дека ги одигра првите 11 сезони во Портланд, кој го избра на драфтот во 2012 година како шести пик од првото коло.
Причината за неговото барање лежи пред се во слабата поддршка од управата, односно отсуството на адекватни и квалитетни играчи, со кои еден од најдобрите стрелци во лигата нема преголеми шанси да атакува на титулата. Таквата теза ја поткрепува и тоа што Трејл Блејзерс не се пласираа во плеј-офот во изминатите две сезони.
Паралелно со неговото барање за размена, се јавија и додворувачи за неговите услуги, кои со задоволство би го виделе во нивните простории. Така, три клуба се искристализираа како кандидати за доведување на Лилард: Лос Анџелес Клиперс, Мајами Хит и Филаделфија 76ерс. Но, според упатените, желбата на Лилард е исклучиво Мајами.