Традиционалниот пожарникарски крос-натпревар „Пожарко 2019“ по дванаесетти пат се одржа денеска на кејот на реката Вардар, во близина на СЦ „Јане Сандански“ во Општина Аеродром. На кросот учествуваа околу 500 ученици од петто до деветто одделение од основните училишта од Град Скопје. Тие се натпреваруваа во конкуренција во категорија машки 600 метри и женски 500 метри.
Кросот се одржува по повод 20 Мај, Денот на пожарникарството, во организација на Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“, a во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје.
Оваа традиционална спортска манифестација претставува значаен придонес во развојот на свеста кај младата популација за заштита од пожари.