Едно лице загина, а најмалку осуммина се ранети вечерва во населбата Канак во Сисак, кога машко лице пукало од „калашников“,” и запалило три куќи. Убиецот е во бегство, а полицијата ја блокирала населбата.
Во болницата во Сисак се примени осум лица, кои имаат прострелни рани на главата, стомакот, нозете. Нема деца меѓу повредените.
Според очевидци, убиецот со пушката бил на улица и пукал.
Инаку, Канак е населба која настана како резултат на ненадејната индустријализација со никнувањето на бараки на просторот помеѓу Рафинеријата и Железарницата, и била заборавена и речиси иста 60 години по нејзиното создавање
Според засега неофицијални информации, пожарникари се на терен и во индустриската област во Сисак, бидејќи неколку станбени објекти биле зафатени од пламените јазици.