Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска имаше средба со министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, со кој разговараа за можноста дијаспората да се вклучи во процесот на преговори на земјата со ЕУ.
-Во процесот на преговори што ни претстои, имаме обврска да ги искористиме сите потенцијали кои ни стојат на располагање, и дијаспората претставува огромен потенцијал во оваа смисла, истакна Османи, додавајќи дека дијаспората претстава нераскинлив дел Република Северна Македонија, и оти во таа насока, наша обврска е да обезбедиме поголема инклузивност на овие потенцијали во престојните преговори, поставувајќи притоа основа и за подлабока и суштинска вклученост на дијаспората и во останатите процеси во земјава.
Двајцата соговорници, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, за време на средбата разменија мислења во насока на искористување на искуствата од проектот спроведен од страна на Владата на Република Ирска за вклучување на ирската дијаспора во политиките на државата.
-Ирска преставува шампион во светот според успешното вклучување на дијаспората во нејзиното брз развој, и ќе претставува вистински бенефит доколку успееме ирските искуства и знаење да ги донесеме во Северна Македонија, додаде Османи.
Соговорниците заеднички се согласија да ја продлабочат соработката во оваа сфера, обезбедувајќи притоа потенцијал за поквалитетен процес на проговори со Унијата.