Не е првпат, но секогаш кога ќе биде регистриран на фудбалските натпревари е невообичаен погодок постигнат со удар од гол на гол. Тоа овојпат се случи во Португалија на второлигашкиот меч Феиренсе и Мореиренсе (1-2), а беше дело на домашниот голман.
Мореиренсе, кој е лидер на табелата, поведе во деветтата минута, додека домашниот состав изедначи во 69. минута, откако чуварот на мрежата Артур Да Силва погоди со удар од 90 метри. Тој силно ја исфрли топката од шеснаесетникот, па таа незгодно отскокна пред казнениот простор на противникот, го изненади неговиот колега и заврши во мрежата.
— SP 24 Backup (@sopetas24backup) October 18, 2022