Млада актерка се онесвести во Кан поради претесен фустан

Американската актерка Ели Фенинг се онесвести на филмскиот фестивал во Кан, бидејќи нејзиниот фустан беше премногу тесен.

Актерката (21) се онесвести синоќа на вечерата по повод „Трофеј за Шопард“, објави АП.

Фенинг подоцна на „Инстаграм“ објави фотографија со кренат палец и порака „добро помина” и покрај она што таа го нарече несвестица поради нејзиниот прада-фустан.

Оваа година, актерката беше членка на канското жири.

Таа е најмладата личност која некогаш учествувала во деветчленото жири кое одлучува за „Златната палма“.

Треба да знаете
Последни објави