Ди Марија се врати онаму каде што ја почна европската приказна – во Бенфика

Аргентинската фудбалска ѕвезда, Анхел Ди Марија ги одби парите од Саудиска Арабија и по 13 години се врати во португалската Бенфика, каде ја почна интернационалната кариера во Европа.

Бенфика беше првиот европски клуб на Ди Марија, таму пристигна во 2007 година од Росарио Централ и се задржа три години пред да направи трансфер во Реал Мадрид.

Ди Марија повторно е во клубот од Лисабон со кој потпиша договор до јуни 2024 година.

Бенфика го потврди ангажманот на Ди Марија кој за да си го оствари сонот одби многу побогати понуди.

Треба да знаете
Последни објави