Денеска во просториите на СВР Куманово, по насоки на јавен обвинител Куманово на информативен разговор беше повикан градоначалникот на Општина Куманово, а во врска со добиена анонимна пријава во која се наведува дека од страна на Секторот за финансии при Општина Куманово на вработените во Секторот за инспекција, незаконски им бил исплатен додаток на плата од 30% и тоа на кандидати за инспектори кои не се стекнале со лиценца инспектор, а со тоа е оштетен буџетот на Општина Куманово. Потенцираме дека за сите наводи постои документација која на барање од СВР Куманово е доставена од страна на Одделението за човечки ресурси од Општина Куманово.
Секторот за внатрешни работи Куманово постапува согласно своите законски правила и прописи , без оглед на тоа за која институција и да станува збор.