Вавринка: Чест ми е што пак ќе играм против Ѓоковиќ

Швајцарскиот тениски ветеран Станислав Вавринка го победи Аргентинецот Томаш Мартин Ечевери ( 3:1) во второто коло на гренд-слем турнирот Вимблдон и си закажан пресметка во наредната рунда со Србионот Новак Ѓоковиќ. Во нивните досегашни 27 пресметки Ѓоковиќ има убедлив скор од 21 победа наспроти 6 за Вавринка. Фаворитската улиога ја има Ѓоковиќ, кој на овој турнир сака да стигне до својот 24. гренд-слем трофеј во кариерата.

-Убаво е што ќе имам прилика да играм уште еднаш против Ѓоковиќ, ова ќе биде прв наш меч на Вимблдон. Возбуден сум и мило ми е што ќе играме, но мислам дека немам никакви шанси. Ќе се обидам да придонесам за интересен меч, а ако ги погледнете нашите меѓусебни натпревари ќе сфатите колку мали шанси имам, изјави Вавринка.

Швајцарецот со самиот пласман во третото коло на Вимблдон веќе испиша историја. До третото коло Вавринка стигна со 38 години и 100 дена и тоа го прави третиот најстар играч кој во последните 45 години стигнал до таа фаза.

Пред него такво нешто им успеа само на Џими Конорс во 1991 година и Роџер Федерер во 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави