Последните денови Сплит е во центарот на вниманието поради недоличното однесување на некои туристи, а од денеска таму се одржува и музичкиот фестивал „Ултра Европа“, кој трае до недела. Поради сето ова, градот Сплит постави табли на кои посетителите на фестивалот се информираат како треба да се однесуваат.
На таблата е забележано дека е забрането консумирање алкохол во јавност, дека во бикини и без кошула може да се биде само на плажа, дека треба да внимаваат да не бидат премногу гласни и да користат тоалет, а не градските ѕидини. Посетителите се предупредуваат и на казни до 300 евра.
И покрај се, на социјалните мрежи се појави видео на кое полицијата од автомобил гласно им кажува на голите туристи кои шетаат низ улиците да ги облечат кошулите.



