Работник од Македнија претепан во Хрватска: насилниците го следеле, навредувале, па нападнале

Државјанин на Македонија кој бил туристички работник е меѓу натепаните во Хрватска, пишува хрватскиот сајт „Аваз“. Пет лица на возраст од 18 до 22 години завршија во притвор, осомничени за насилство, бидејќи нападнале странци, а употребувале и груби навреди. Меѓу нападнатите има и државјани на Босна и Херцеговина.

До инцидентот наводно дошло кога околу 5 часот наутро пред ноќниот бар „Еликс“, каде сезонските работници, за да избегнат понатамошен конфликт со такси го напуштиле местото и отишле во објектот каде што биле сместени.

Но, групата осомничени ги следела и откако работниците се симнале, физички ги нападнале и им нанеле полесни физички повреди.

Додека физички ги удирале, осомничените ги навредувале на национална основа, со што кај жртвите се создавало чувство на страв, понижување и нарушено достоинство.

Младите насилници се уапсени по што се изведени пред дежурниот судија, кој им одредил мерка притвор.

Според судијата Пер Милоглав, портпарол на Жупанискиот суд во Дубровник, притворот е одреден во однос на начинот и околностите на извршување на кривичното дело насилничко однесување, бидејќи при физичкиот напад врз сезонските работници покажале екстремна агресивност, непромисленост и бруталност, како и поради опасност од повторување на кривичното дело.

Полицијата извести за бруталното претепување на сезонските работници од синџирот хотели „Валамар Ривиера“, до кое дошло по ноќно излегување и вербален конфликт во Пилес.

Треба да знаете
Последни објави