Дете од струмичко е тешко повредено, паднал на мотоцикл кој го возел среде ноќ

Вчеравечер, на еден час по полноќ, на улица во с.Штука, струмичко, 14-годишник од с.Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „џилера 125“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

„Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица“, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Треба да знаете
Последни објави