Најтрофејниот македонски клуб Вардар објави дека акцијата за купување сезонски билет за натпреварите на клубот оди одлично и дека досега се собрани 1.000.000 денари. Тоа значи дека се продадени 1.000 сезонски билети.
Акцијата која ја спроведува навивачката група „Комити“, која го презеде и раководењето на клубот, според плановите треба да донесе околу 500.000 евра, доколку бидат продадени повеќе од 30.000 сезонски билети.