Митко Трајчуловски е новиот организациски секретар на СДСМ

Митко Трајчуловски е новиот организациски секретар на СДСМ, потврдуваат за ТВ 24 партиски функционери. Трајчуловски доаѓа на местото на Вангел Андрески, кој според СДСМ си дал оставка поради директорска позиција на нововостановено претпријатие во Центар.

Андрески беше организациски секретар откако Димитар Ковачевски стана претседател на СДСМ , по оставката на Зоран Заев.

Трајчулески е Магистер по меѓународна политика и дипломатија, има 43 години, член е на СДСМ од 1996 година и има долгогодишно работно, професионално и партиско искуство. Претседател е на партиската Комисија за транспорт и врски на СДСМ. Моментално ја извршува функцијата Државен секретар во Министерството за транспорт и врски, бил поранешен Шеф на Кабинет во министерството, за време на професионална кариера работел во Секретаријатот за Европски прашања во Сектор за подготовка на националната верзија на правото на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави