Најмалку седум лица загинаа, а осум други се повредени во пожар што избувна во патничко комбе во источен Пакистан, соопштија властите.
Меѓу загинатите има четворица членови на едно семејство, една жена, нејзината ќерка и нејзините две внуки.
Осум патници се здобиле со изгореници од различен степен.
Претставник на Владата рече дека инцидентот се случил во областа Саргода во провинцијата Пенџаб кога цилиндар за ТНГ инсталиран во возило истекол и експлодирал.
Комбето веднаш се запалило, пет патници починале на лице место, додека други двајца им подлегнале на повредите во болница.
Властите во Пенџаб наредија истрага за инцидентот.