Директорката на Комуналното претпријатие Скопје, Косана Мазнева вели дека добивала сериозни закани по животот од страна на група на вработени кои 20 години земале плата, а не оделе на работа. Тие единствено биле задолжени за „наводна“ трета смена во претпријатието која поскапо се плаќа, работеле и прекувремени часови, а воопшто не оделе на своето работно место. Мазнева не им го продолжила договорот на овие лица.
Вработените во Комунална Хигиена – Скопје, пак велат дека директорката Косана Мазнева не ги земала предвид нивните барања за преговори за покачување на платите, исплата на К-15 и бенефициран стаж и поради ова тие најавуваат протести. Според нив, наместо да ги покани на состанок, директорката повикала полиција. Поради ова дел од вработените протестираат и ја блокираат работата на ЈП „Комунална хигиена“, поради што по булеварите и улиците контејнерите се полни со ѓубре. Вработените се зкануваат дека нема да ги празнат контејнерите и во наредните денови додека не се исполната нивните барања.
Директорката Мазнева денеска на прес-конференција соопшти дека од март платата на вработените е зголемена за 864 денари, а договорите за работа се прекинати само со оние лица кои не работеле ништо.
-Знаете дека нашето претпријатие работи во смени 24/7, една голема група на вработени, веќе 15 години работат исклучиво во трета смена што е спротивно на сите законски норми и принципи на работење на претпријатието и од тие причини се создадаваат вакви проблеми на вештачки начин. Овие луѓе се политички насилници, вели Мазнева.
За одење трета смена на работа тие земале повеќе од 35 проценти плата на својата трансакциска сметка.
-Најголем дел од овие луѓе биле нередовни и не ги извршувале своите работни обврски, голем дел од нив не се појавувале на работа, но биле запишани и за прекувремени работни часови и за работа во време на неработни денови, додава таа.
Мазнева додаде дека оваа група се обидела да ја блокира работата на Комуналното претпријатие блокирајќи ја механизацијата и вработените кои сакале да завршуваат свои работни задачи, а имало кон вработените и закани кон нивните животи.