Актуелниот светски првак во Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен од тимот на „Ред Бул“ ја оствари и шестата последователна победа, со триумф на трката за Големата награда на Велика Британија што се возеше на патеката „Силверстоун“. Ова беше вкупно осма победа за возачот на Ред Бул на десеттата трка сезонава, а на останатите две трки славеше вториот возач на австрискиот тим, Серхио Перес.
Светскиот првак Ферстапен триумфираше пред Ландо Норис и бившиот светски првак Луис Хамилтон.
Холандскиот возач од редовите на „Ред Бул“ трката ја започна од првата позиција, но имаше лош старт и лидерската позиција веднаш ја загуби. Светскиот првак не се откажа и успеа да го надомести заостатокот, го премина Норис и сосема заслужено стигна до ново прво место.
Мекларен заврши со преостанатите две места на пиедесталот кои му припадна на Нарис и на поранешниот светски првак Луис Хамилтон кој го искористи сигурносното возило да го премине Пиастри.
Бодови освоија и Расел, Перез, Алонсо и Албон, а двоецот на Ферари Леклер-Саинз го освои дветтото и десеттото место.