Српските туристи во фејсбук групата „Грчка инфо“ информираат за непријатности кои им се случуваат летово со нивните автомобили. За помалку од 24 часа украдени се автомобилите на две семејства. Едно семејство останало без автомобилот кој го паркирало на паркинг пред „Џамбо“ во Солун за време на паузата кога се упатиле кон дома, а другото само што пристигнало во Пефкохори. Трет предупредува дека неговиот автомобил е обиен и ограбен на плажа во Паљури.
За ваквите непријатности на своите сограѓани српските медиуми додека чекаат одговори од наделжните грчки полициски служби, побарале и информации од локалните жители. Српскиот портал Блиц рс. се повикува се на локалното население кое прстот го вперува во криминални арамиски групи од Бугарија, кои оперираат во Грција.
Еве што пишуваат оштетените граѓани кои бараат помош за да ги пронајдата своите автомобили.
-Сакам да споделам и да предупредам, а во исто време да барам помош. Во вторникот се враќав кон Србија со семејството по завршениот одмор во Грција. Со сопругот и децата застанавме на паркингот од продавницата Џамбо во Солун за да пазариме. Тогаш ни го украдоа автомобилот со сите работи внатре. Автомобилот беше KIA SPORTAGE, регистриран во Крагуевац. Пријавено е во полиција, но сепак ништо. Корисна ни е секоја информација – стои во објавата на еден корисник на Фејсбук групата „Грчка инфо“.
Таа објави и фотографија од нејзиниот украден автомобил, надевајќи се дека некој ќе го забележи.
Под објавата, набрзо следеше море од коментари, а судејќи по нив, оваа продавница нема ниту камери, ниту чувари, па не е чудно што крадците практикуваат таму да „оперираат“
„Ова го направила организирана група, знаеја дека нема камери, обезбедување итн итн“, гласи еден коментар.
„Слушнав приказни за тој Џамбо уште во мај кога заминував. Забележав дека ниту еден од автомобилите што беа паркирани не е празен, секогаш имаше еден човек внатре, тоа ми беше чудно за момент, а сега знам зошто“, напиша еден корисник.
Во потрагата по автомобилот се вклучиле и Грците. Сликата е споделена на Фејсбук со коментар дека полицијата пронашла некои работи фрлени на ливадата и дека најверојатно ги задржала.
Полицијата е информирана, но засега нема резултати“, се вели во соопштението.
Вчера наутро уште едно семејство од Србија остана без автомобилот, овој пат во Пефкохори, а во нивно име во групата „Грчка инфо“ објавил нивен пријател.
– Добар ден на сите. Автомобилот на моите пријатели беше украден во Грција пред нивната куќа во Пефкохори. Пристигнаа вечерта, сабајле го немаше. Пријавен во полиција, се уште никој не излегол. Бел Toyota Rav 4 понови KŠ таблички, ако некој ја види или забележи би бил благодарен ако може да пријави овде. Однапред благодарам – напиша пријател на ова семејство во групата „Грчка инфо“.
Претходно се огласи уште еден српски турист на истата група дека за среќа неговиот автомобил KIA SPORTAGE на плажата во Паљури бил само обиен и ограбен.