Се огласи Градот Скопје со најава за одржување на вонредна седница вечерва на Кризниот штаб со почеток во 21.30 часот за случувањата во КХС.
Ситуацијата во Скопје со неисполнувањето на обврските од страна на ЈП Комунална хигиена стана алармантна. Градот е затрупан во ѓубре и низ него се шири непријатна реа. Градоначалниците најавија за вечерва и во текот на утрешниот ден дека сами се организираат да го расчистат ѓубрето со помош на колегите од другите општини од околината и внатрешноста во државата.
За утре градоначалниците од сите скопски општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари, најавија едногласен став дека ќе побараат од Советот на Град Скопје укинување на ЈП Комунална хигиена и формирање на самостојни кои ќе се грижат за чистотата на градот.