Утрото во Скопје не донесе ништо ново кога станува збор за глетката со чистотата на градот, по одлуката на вработени во ЈП Комунална хигиена да прекинат да го собираат сметот. Затрупани во ѓубре, скопските општини синоќа на големо најавуваа како се саморганизираат да ја преземат обврската од комуналците со помош на своите партнери од внатрешноста, за да го отстранат ѓубрето од улиците. Позираа, даваа изјави, ама на крајот акцијата очебијно не им е успешна. Ѓубрето не го исчистија ! Сметот го има насекаде, преполни контејнери и непријатнат реа остана главен декор на македонската метропола.
Ниту камионите на Комунална хигиена кои синоќа со помош на полицијата ја напуштија базата не помогнаа грдата слика за Скопје да се смени.
При утринското патешествие од домовите кон работните места поминувајќи низ скопските општини Ѓорче Петров, Аеродром, Центар, Кисела Вода еве што можеше да се види: