Специјалното полициско одделение (СПО) утрово по налог на црногорското Специјално државно обвинителство уапси повеќе лица за создавање криминална организација и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Акцијата на службениците на СПО е во тек, а со одобрени наредби од истражниот судија на Вишиот суд во Подгорица, тие вршат претрес во становите и куќите на уапсените.
Списокот за апсење содржи имиња на седум лица осомничени дека се членови на криминална организација која се занимавала со продажба на дрога.
Во текот на денот се очекува осомничените да бидат донесени во зградата на СПО, а потоа и во Специјалното државно обвинителство.