Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфинале на третиот сезонски гренд-слем турнир Вимблдон, откако го совлада Полјакот Хуберт Хуркач со 3:1 во сетови, во меч кој се играше во два дена. Почна синоќа, а продолжи денеска со предност од 2:0 во сетови (7:6 и 7:6) за српскиот тенисер по вчерашниот прекин поради „полициски час“.
Ѓоковиќ се соочи со проблеми во третиот сет и го загуби со 7:5, но го доби четвртиот сет со 6:4 и се пласира меѓу посумте најдобри на турнирот во Лондон каде ја брани титулата. По натпреварот Ѓоковиќ призна дека не може да се сети кога играл толку лошо.
-Му честитам на Хуберт, одигра одлично, но немаше среќа. Не можам да се сетам кога сум бил толку лош при враќање на неговите силни сервиси. Има одличен сервис и тешко може да го прочитате. Сепак, среќен сум што ќе играм во четвртфинале, кажа Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ за полуфинале на Вимблдон ќе се бори против Русинот Андреј Рубљев.