86 мигранти спасени кај Канарските Острови

Вчера се спасени 86 мигранти од африканските земји јужно од Сахара, од чамец во близина на Канарските острови, соопштија шпанските спасувачи. Авионот испратен од спасувачите првично процени дека на чамецот имало околу двесте луѓе и дека најверојатно се работи за пловило што се барало во областа бидејќи испловил од Сенегал пред речиси две недели.

„Сè уште не можеме да бидеме целосно сигурни, но можеби станува збор за истиот брод“, објави Салваменто Маритимо, шпанската поморска спасувачка служба, која на крајот призна дека направила грешка во својата проценка.

Меѓу мигрантите има 80 мажи и шест жени. Спасувачкиот брод на море ги донесе на островот Гран Канарија, каде што ги презедоа работници на Црвениот крст и им беше укажана медицинска помош, објави фотограф на АФП. Невладината организација Каминандо Фронтерас објави дека брод со околу 200 мигранти испловил на 27 јуни од Кафунтин, на југот на Сенегал, на околу 1.700 километри од Канарските острови.

„Семејствата не известија за исчезнувањето на чамецот, за што веќе неколку дена немаат вести, а ние ги известивме шпанските и мароканските спасувачки служби“, изјави основачот на невладината Хелена Малено.

Треба да знаете
Последни објави