Како да го поттикнете интелектуалниот развој на вашето дете?

Првите пет години од животот на детето се исклучително важни за неговиот развој како личност, па затоа родителите треба навистина да обрнат внимание во овој период на нивните мали наследници.

 

Научниците тврдат дека оваа фаза од детскиот живот претставува темел за нивното понатамошно здравје, благосостојба, но и за личноста во која ќе прераснат. Но, како родителите можат да го поттикнат детето да се развива?

Универзитетот од Јорк спроведе истражување во која беше покажана важноста на зборовите кои детето ги слуша додека расте. Според резултатите од истражувањето, честата комуникација со детето ќе ја развие нивната невербална способност, особено при разбирање на броеви, мудрост на расудување и обликување на свеста.

Во истражувањето учествуваа 107 деца, а од нив беше побарано да им раскажат на истражувачите што им се случило во изминатите три дена.

На крајот на истражувањето се покажа дека е многу важна врската помеѓу когнитивните способности на децата и квалитетот на комуникацијата на возрасните со нив, што е базирано на разликите во лексиката и бројот на зборовите кои родителите ги употребуваат.

„Постои корелација помеѓу бројот на зборови кои детето ги слуша додека е бебе и неговата вербална интелигенција“, истакна Лајз Елиод, еден од научниците кои работеа на истражувањето.

Да сумираме, доколку како родител сакате да им помогнете на вашите деца да го развијат нивниот интелект и да го поттикнете нивниот развој, тогаш обидете се да разговарате што почесто со нив.

Треба да знаете
Последни објави